Традицијата на патот кон тренинг центарот на „Манчестер Јунајтед“ ќе биде прекината. Навивачите нема повеќе да добиваат автограми од нивите миленции пред да пристигнат на Карингтон.

„Играчите не смеат да застануваат и да даваат автограми со цел на предизвикуваат опасност на патот.“ – пишува на таблата поставена денеска.

Вчера, тренерот на Јунајтед, Солскјер и ново засилување, Џејмс застанаа со своите автомобили за да поделат автограм на младите фанови кои секојдневно со нетрпение ги очекуваат ѕвездите на „ѓаволите“ на исто место.

Оваа одлука наиде на осуда од дел од фановите на Јунајтед но според строгите правила на клубот но и на Англија, тие ќе мора да се помират со новата реалност.