„Пандев Куп 2020“  и оваа година ќе има голем број на учесници, ова е еден од најголемите фудбалски турнири за деца кој ќе се одржи од денеска до недела.

Во Струмица, Турново и Дојран ќе настапат над  1200 млади фудбалери, ќе учествуваат  70 екипи од пет држави.

Горан Пандев активно работи веќе подолго време со млади категории преку својот клуб ФК Академија Пандев, вложува сопствени средстваи го промовира македонскиот фудбал.