Прмеиерлигата заврши, сезоната 2019/20  го донесе Ливерпул за нов шампион, времето за одмор е кратко па дел од играчите од Англија го користат за одмор.

Дел Али, Џејмс Медисон и Џек Грилиш уживаат на Ибица, уловени се од фановите како ги минуваат деновите за одмор.

Професионалниот фудбал не знае за долги паузи, па летниот одмор е со скратена програма, секој слободен ден се користи да се наполнат батериите патака и овие тројца играчи од Премиерлигата уживаат во Шпанија.