Во Тетово братско дерби играат Тетекс и Вардар, гостите од Скопје водат со 0:3, но на овој натпревар кој сега е второлигашки резултатот на најмалку важен.

Овој натпревар е шанса да се спојат и да се видат пријателите од двете братски навивачки групи „Комити“ и „Војводи“. Кои како и на речиси сите мечеви претходно и денеска навиваат заедно од една трибина на Градскиот стадион во Тетово.

Двете навивачки групи направија вистинско шоу уште пред да почне мечот, за што сведочи и оваа фото галерија на Дриблинг.

Членовите на двете навивачки групи заедно на тетовските улици пеејќи заедничка песна направија одлично кортео одејќи накај стадионот.

Се слушаа многу навивачки песни, а меѓу нив секако и пораката дека Тетово е македонски град.