Екипата на Македонија Ѓорче Петров со најновото реми си направија проблеми, односно остануваат на позиција број девет на табелата која носи бараж за осптанок во Првата лига, но сега проблем е што имаат минус четири од осмата позиција каде што е Скопје.

Домаќините во водство дојдоа со голот на Марио Младеновски во 68-та минута и ситуацијата изгледаше добро за тимот од Ѓорче.

Но, само девет минути подоцна Дејан Цветановски го постави конечниот резултат во 77-та минута.

Ова реми на ѓорчевци го искористија ФК Скопје, тие во 92-та минута со голот на Ален Јашароски дојдоа до победа која значи 15 бодови досега, додека Македонија Ѓорче Петров има 11.