Македонските фудбалерки со нов тежок пораз. Денеска подобри од нас беа фудбалерките на Австрија.

Тие мечот во Скопје го добија со 0:6 и ни нанесоа нов голем пораз.

Австријките постигнаа по три гола во двете полувремиња.

Во првиот дел прецизни беа Хобингер, Била од пенал и Ашауер.

Ашауер стрелаше и во вториот дел, а хет трик комплетираше и Била.

По два меча во квалификациите за Светското првенство Македонија е последна со нула постигнати и дури 14 примени голови, додека пак Австрија е на врвот со 14 дадени и само еден примен гол.