Четирикратната Гренд слем шампионка, 23 годишната јапонска тенисерка Наоми Осака го запали олимпискиот пламен и така заврши четиричасовното свечено отворање на Олимиписките игри во Токио.

Отворањето почна со огномет, а потоа беше оддадена почест за жртвите на пандемијата од ковид 19, поради која имаше и едногодишно одложување токму на овие игри. Почест беше дадена и за жртвите на терористичкиот напад на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.

По воведниот дел од нешто повеќе од половина час, следеше парадата на спортските делегации од 206 земји. Традиционално прва излегоа спортистите од Грција, а последни домаќините Јапонија.