Скопје успеа да го изненади Работнички и да победи на Националната Арена „Тодор Проески“ со 0:1.

Мечот го реши со автогол Марио Станковски, кој си стрелаше во својата мрежа во 56-тата минута. По еден корнер од левата страна топката го погоди Станковски и се протркала во голот.

Работнички пред голот пропушти неколку одлични прилики, а Марио Станковски не реализираше и пенал. Голманот на Скопје, Андреј Ефремов го одбрани неговиот удар. После околу еден час игра Работнички остана и со играч помалку, исклучен беше Бојан Илиевски.

Во финишот и Скопје доби пенал, одговорностај а презеде Иво Јанакиевски, но голманот Мустафа го одбрани неговиот удар.

За Работнички ова беше втор пораз во низа откако во минатото коло беа поразени од Шкупи, о друга страна Скопје влегува во добра мини серија од три натпревари без пораз, од кои два се победа.