Шкупи успеа да се зацементира на врвот на табелата, откако победи против второпласираната Ренова и сега имаат плус пет на врвот.

Тимот од Џепчиште не ја искористи шансата со победа да се искачи на врвот.

Првиот дел мина мирно и без голови, а најголемото возбудување беше слободниот удар на Фреди Алварез, кој одлично го одбрани голманот на Ренова, Хадис Велии.

Сепак во вториот дел Шкупи успеа да дојде од она што им беше цел, а тоа е победата во ова дерби. Поведоа со голот на Сандеј Дамиларе Адетуњи во 55-тата минута.

На 2:0 зоглеми Фреди Алварез, а конечните 2:1 ги постави во 83-тата минута Бурхан Мустафов.

Со оваа победа Шкупи се цементира на првата позиција со 26 бода, односно пет повеќе од втората Ренова, како и осум повеќе од Академија Пандев, која тек требад да го игра мечот.