Серијата без триумф на Вардар над Шкендија во Скопје се продолжи на седум натпревари во низа, откако бранителот на титулата попладнево загуби од актуелниот лидер со 5-1.

Вардар добро го отвори натпреварот и поведе уште во 11 минута преку Попзлатанов, но радоста траеше кратко, откако актуелниот лидер на табелата израмни по само четири минути преку Рамадани.

Шкендија дојде до целосен пресврт во 40 минута преку Ахмеди, а со три гола во вториот дел, преку Ибраими, Тотре и повторно Ахмеди стави печат на убедливиот триумф.