Елиф Елмас ќе биде во комбинација утрешната средба кај Наполи, барем според најавите на медиумите од Италија кои јавуваат дека македонскиот репрезентативец предвреме го напуштил последниот тренинг на екипата.

Проблеми на релација Џенаро Гатузо – Елиф Елмас, тренерот на Наполи не бил задоволен од ангажирањето на македонскиот фудбалски „дијамант“, па му наредил предвреме да го напушти тренингот.

Кориере Дело Спорт прв објави дека има проблеми на релација Гатузо – Елмас, но и во најавата на мечот (утре против Лацио 20-45 ч.) го стави во тимот, нашиот репрезентативец ќе тргне од клупата за резерви.