Елиф Елмас ќе биде во комбинација утрешната средба кај Наполи, барем според најавите на медиумите од Италија кои јавуваат дека македонскиот репрезентативец предвреме го напуштил последниот тренинг на екипата.

Проблеми на релација Џенаро Гатузо – Елиф Елмас, тренерот на Наполи не бил задоволен од ангажирањето на македонскиот фудбалски „дијамант“, па му наредил предвреме да го напушти тренингот.

Сепак медиумите од Италија го најавија Елмас во тимот на Наполи, македонскиот репрезентативец мечот со Лацио утре во вечерниот термин (20-45ч.) ќе го започне од клупата за резерви.