Наполи вечерва ќе му гостува на Сасуоло во натпревар од 17 коло во Серија А со амбиција за прекин на низата без триумф во Калчо лигата.

Џенаро Гатузо по неговото доаѓање не покажа дека верува во квалитетите на Елиф Елмас кој четврти натпревар по ред е на клупата за резерви.

Елмас не доби ниту една минута на трите последни пресметки, конткретно против Парма, Генк и против Удинезе а последен пат играше за Наполи во мечот со Болоња кога на купата беше Анчелоти.