Бреша и Наполи ќе го отворат 25.коло од Серија А, а кај гостите од Неапол од првата минута ќе истрча македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Џенаро Гатузо во последниот период конечно се увери во квалитетите на „македонскиот бисер“ и веќе трет натпревар во серија му дава шанса од почетокот на натпреварите.

Мечот со Бреша за Наполи и Елмас е генералка пред големиот предизвик во среда против Барселона во рамки на Лигата на шампиони.