Џенаро Гаутузо утре дебитира на клупата на Наполи кој ја пречекува Парма во Неапол.

Елиф Елмас според „GazzettadelloSport“ нема да го започне мечот од првата минута на утрешниот натпревар.

Македонскиот репрезентативец е најавен како резерва иако претходно се тврдеше дека Елмас ќе има поголема минутажа со Гатузо како прв тренер на Наполи.

Средбата меѓу Наполи и Парма се игра утре од 18 часот.