Јувентус и Наполи викендов ќе го играат дербито на 2 коло од новата сезона во Серија А.

Додека дел од медиумите во Италија најавуваат промени во составот на Анчелоти а со тоа и шанса за нашиот Елиф Елмас од првата минута, „Газета дело спорт“ очекува новите засилувања на „Наполитанците“ да чекаат шанса од клупата за резерви.