Георгина Родригез во вторникот со приватен авиот одлета во Париз, а навивачите на Јувентус брзо нејзиното патување го поврзаа со можен трансфер на Кристијано Роналдо во ПСЖ.

„Добар ден Париз“- напиша Георгина во описот на објавата и ги разбуди надежите на фановите на ПСЖ, но и ги збуни оние на Јувентус, за кои се чини се уште не сакаат разделба со Роналдо.

Веќе некое време не е тајна дека тимот од Париз сака да го доведе Роналдо, ако Јувентус не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Португалецот веќе има 36 години и повеќе нема цела една сезона која би можел да ја потроши без Лига на шампиони, па се чини дека ако Јувентус извиси ќе го напушти клубот на сметка на некој кој игра во елитата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)