Бастијан Швајнштајгер објави дека се пензионира, има 35 години и реши да ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Поранешниот репрезентативец на „твитер“ објави дека дошло време да се стави „точка“, има се заблагодари на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Чикаго и репрезентацијата на Германија со која го освои Мундијалот во 2014 година.

Швајнштајгер официјално ќе се пензионира по завршувањето на оваа сезона во која настапува за екипата на Чикаго.