Оле Гунар Солскер, менаџерот на Манчестер јунајтед, му се исполни желбата, бидејќи Единсон Кавани го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ за уште една сезона.

Минатата година, искусниот Уругваец потпиша договор со Јунајтед на една сезона со факултативна уште една сезона, но тоа не беше сигурно, иако Солскер сакаше тој да остане, што ќе се случи сега, па Кавани ќе биде во Манчестер до јуни 2022 година.

Кавани оваа сезона одигра вкупно 35 натпревари за Манчестер во сите натпреварувања и постигна 15 погодоци со пет асистенции, а клубот се очекува да го потврди овој потпис во наредните денови.