Наполи ги пушти во продажба билетите за средбата со Барселона во Лигата на шампионите која се игра на 25 февруари.

Навивачите на Наполи уште од 5 часот утринава во редици чекаа за драгоценото парче хартија. Сигурно е дека „Сан Паоло“ ќе биде распродаден за оваа средба од осминафиналето во ЛШ.

Стадионот на Наполи има капацитет од околу 60.000 седишта.