Норич вчера го елиминираше Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот, по серија на пенали.

Вистински херој на Норич беше голманот Тим Крул, кој ги фати ударите на Жедсон Фернандеш и на Трој Перот и му овозможи на својот тим пласман во четврт-финале.

Интересно, но после тоа стана познато дека Крул на своето шише за вода залепи хартија на која напиша каде обично шутираат играчите на Тотенхем. Очигледно тоа му помогна.