Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев нема да биде дел од почетниот состав на Џенова за денешниот натпревар против Специа во Серија А.

Пандев во минатото коло ги постигна двата гола за Џенова во ремито со Беневенто и стигна до 100 гол во Серија А.

Сепак со оглед на годините, тој денеска ќе биде на клупата за резерви, а ќе влезе во игра само доколку има потреба од тоа.