Капитенот на Македонија, Горан Пандев е дел од листата на УЕФА заедно со најголемите фудбалски ѕвезди во Европа. Ова ново рангирање е уште едно загревање пред престојното Европско сениорско фудбалско првенство.

Пандев има 114 настапи во националниот дрес на Македонија, најмногу во историјата на нашиот репрезентативен фудбал.

УЕФА објави листа на „сентуриони“, каде на врвот на листата со најмногу настапи за својата селекција е Серхио Рамос од Шпанија, пред Роналдо од Португалија и Модриќ од Хрватска.

„Тој долги години е прва национална увезда. Кариерата на Пандев доби бајковито крешендо, откако успеа за прв пат да се пласираат на големот натпреварување. Тој со голот во плеј-офот против Грузија го букираше пласманот на Македонија на ЕУРО “ – објаснуваат од УЕФА.