Градското дерби во Манчестер меѓу Сити и Јунајтед денеска ќе ја затвори саботната понуда од Премиер лигата. „Граѓаните“  се без Агуеро но како носители на фаворитската улога на „Етихад“ треба да докажат дека Гвардиола е во право, минатото не е важно туку она што сега се случува.

Солскјер во почетните 11 го повика и Марсиал кој беше неизвесен за настап а во почетниот состав се најде и Лингард на сметка на Переира.