Грција одигра нерешено со Лихтенштајн 1-1 во квалификациите за ЕП 2020 година, речиси и да немаше гледачи во Атина на овој меч кој го следеа само 1500 гледачи.

Резултатите на Грција се катастрофални во овој квалификациски циклус, во конкуренцијата „Ј“ имаат само пет бода од шест натпревари и ги загубија сите шанси за пласман на ЕП 2020.

Мизеријата да биде уште поголема, мечот меѓу Грција  и Лихтенштајн во Атина го следеле само 1500 гледачи, како да се играло зад затворени врати.