На ден пред натпреварот на Македонија против Австрија на ЕУРО, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, испрати писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за логото кое го користи Македонија.

ФФМ не смее да стои (Фудбалската федерација на Македонија), треба да се смени логото со оглед на договорот на двете земји, се жалат од Грција, од ФФМ засега нема реакција но медиумите од соседството пишуваат дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, испрати слично писмо до неговиот колега во Македонија, Бујар Османи.

Грција бара  на дресот да стои СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.