Поранешниот член на академијата на Барселона, Алехандро Грималдо реши да потпише нов договор со Бенфика.

„Ова е посебен ден за мене. Мислам дека заслужив нов договор со мојата работа тука. Одиме чекор по чекот. Посакува многу титули со овој клуб.“ – изјави Грималдо.

Левиот офанзивен бек се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата а интерес имаше и од ПСЖ.

Грималдо е во Бенфика од 2016 година и во меѓувреме стана еден од омилените играчи на навивачите на овој клуб.