Шпанскиот фудбалски шампион Барселона во новата сезона ќе игра со двајца врвни напаѓачи – Антоан Гризман и Нејмар чии трансфери треба да се реализираат до почетокот на подготовките на оваа екипа.

Ако тоа се оствари, Барса ќе го има можеби најдобриот состав во својата историја, особено тоа се однесува за нападот. Тука се уште Луис Суарес и Меси, па Аргентинецот ќе треба да игра малку поназад, како плејмејкер.

Барселона ќе потпише договор со Гризман на 1-ви јули кога на сила ќе стапи новиот договор на Французинот во кој има откупна клазула од 120 милиони евра, пишува „Телеграф.

Претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу минатата недела демантираше дека постои договор помеѓу Каталонците и Гризман, но реномираниот англиски медиум сега објавува дека Французинот за една недела ќе го видиме во дресот на Барселона.