Фудбалот носи пари и моќ, тоа се виде на прес конференцијата на Мачестер Сити кога менаџерот на тимот од Англија, Пеп Гвардиола се појави со часовник вреден 800.000 долари.

Гвардиола е веќе три години во Сити, има импресивна кариера, заработи многу како играч и тренер, може да си дозволи луксуз.

Часовникот е идентичен како оној што го има Рафаел Надал, марката е „Richard Mille“ додека моделот е „RM27-01“.