Манчестер Сити како шампион на Англија има големи амбиции на трансфер берзата, тренерот Пеп Гвардиола сака две засилувања, или барем едно од неговите две желби кои се амбициозни и пред сè скапи.

Гвардиола му соопштил на раководството на Сити дека ги сака Ерлинг Халанд и Хари Кејн, најмалку еден од овие двајца летово мора да потпише договор со „граѓаните“.

Тренерот на сити бара играч кој ќе постигне најмалку 50 гола во една сезона во сите натпреварувања.

„Потребен ми е играч кој ќе постигне 50 гола во една сезона, искрено тоа е мојата желба, но не сакам целиот притисок да биде само врз еден играч, затоа ми се потребни два екстра квалитетни фудбалери, Халанд и Кејн се идеална комбинација“ – изјави Гвардиола.