Манчестер Сити ќе истрча без Кевин Де Бруин во дуелот со Вулверхемптон овој викенд во натпреварот од Премиер лигата.

Ова денеска го потврди Пеп Гвардиола кој посочи дека не станува збор за сериозна повреда но ќе мора да бидат внимателни со здравјето на репрезентативецот на Белгија.

Надвор од комбинација за неделниот меч на „Етихад“ се и Лапорт и Сане.

Според менаџерот на „Граѓаните“, за дуелот со Вулфс во тимот ќе се врати Џон Стоунс.