Супер талентираниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд објави фотографија на својот Твитер профил со која најави старт на подготовките за новата сезона.

Халанд има само 20 години, а од ова што можеме да го видиме на фотографијата, во новата сезона ќе влезе со дополнителна мускулна маса и сила.

Халанд пристигна во Борусија Дортмунд во јануари, одигра 15 натпревар и и постигна 13 голови и три асистенции. Севкупно во натпреварувачката 2019/2020 на 40 натпревари постигна 44 голови.