Ерлинг Халанд запиша два  гола  против Баерн Минхен, во периодот од 2 до 9 минута ја погоди два пати мрежата на шампионот на Германија, но  Борусија Дортмунд  загуби на  гостувањето кај Баерн Минхен со  4:2.

Норвежанецот стигна до бројка од 100 гола на 146 одиграни професионални натпревари, има  20 години, Норвежанецот има ефект кој не успеале да го постигнат  Ибра, Меси, Роналдо, Мбапе…

На Меси  210 натпревари, на Килијан Мбапе му беа потребни 180 натпревари,  додека на Роналдо му требаа 301 натпревар а на Ибра 245 натпревари за 100 гола во кариерата.