Неочекувана (или очекувана) компликација во Лига Европа. Шпанскиот претставник Хетафе одбива да отпатува во Милано, каде утре треба да го игра првиот осминафинален натпревар со екипата на Интер.

Тоа јасно го вели претседателот на клубот, Анхел Торес.

Ако ситуацијата значително не се измени, а нема, Хетафе нема да отпатува во Италија. Ние ја замоливме УЕФА да најде алтернатива, бидејќи не сакаме да патуваме во епицентарот на коронавирусот. Тоа воопшто не ни треба. Ја замоливме и нашата федерација да ни помогне, за да ја избегнеме дисквалификацијата. Но, ако сепак не дисквалификуваат, нека биде така, јас немам намера да го ризикувам здравјето на луѓето. Многу сме возбудени од сето ова, но нека биде што ќе биде – ние таму не одиме. Дури и од Интер ни велат дека е неприфатливо да патуваме таму. Или нека се игра на друго место, или нека се игра во некој друг ден, кога ќе биде безбедно“, вели Торес.

Средбата требаше да се игра утре, со почеток во 21 часот.