Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков во кариерата играше за неколку клуба, секако белег остави низ настапите за Барселона и ЦСКА од Софија.

За ЦСКА настапуваше од 1984 до 1990 година кога замина за Барселона. Вечерва ЦСКА од Софија во Европа лигата се среќава со Рома во Рим, легендарниот фудбалер од Бугарија и се „закани“ на „волчицата“:

„Секогаш сум сакал да ловам волци, среќно ЦСКА“ – порача Стоичков.