Шпанскиот интернационалец и повремен репрезентативец на „Црвената Фурија“, Хуан Мата останува во Манчестер Јунајтед. Ова го потврдија денеска од клубот од „Олд Трафорд“ откако Мата се согласил на нов догово со времетрање од две години до јуни 2021 година со можност за продолжување на уште една година..

„Ми преставува чест што го преставувам овој неверојатен клуб и нашите навивачи. Во Јунајтед сум веќе пет години и гордо можам да кажам дека Олд Трафорд е мојот дом“ – вели Мата.

Солскјер е задоволен од продолжувањето на соработката со играчот на кој ова лето му завршуваше стариот договор. Со ова е ставен крај дека Мата ова лето ќе се врати во Шпанија и ќе го облече дресот на Барселона.