Германија денеска од 21 часот во Минхен игра натпревар од последното коло од групната фаза на ЕУРО 2020 против Унгарија.

Германците сакаа во текот на овој натпревар Алианц Арената да ја осветлат во боите на виножитото како порака до унгарските власти, на чело со конзервативецот Виктор Орбан, кои неодамна изгласаа закон за забрана на „поттикнување хомосексуалност“ на малолетни лица.

УЕФА стави вето на таа одлука на Германците, сметајќи дека таа има политички контекст. Покрај тоа, како што пишуваат германските медиуми Орбан го откажал доаѓањето на мечот во Минхен.

По бурните реакции на забраната, не само од ЛГБТ заедницата туку у други бројни невладини организации кои се борат за човековите права, УЕФА денеска на своето лого ги имплементираше боите на виножитото и објави нешто помалку контроверзно сооштение насловено „УЕФА го почитува виножитото“.

„Денеска УЕФА гордо ги носи боите на виножитото. Тоа е симбол кој ги покажува нашите темелни вредности, промовира се во што веруваме- повеќе сме од егалитарно друшво, толерантно кон сите, без разлика на потеклото, верата или полот.“

Некои ја тумачеа одлуката на УЕФА да го одбие предлогот на градот Минхен да го осветли стадионот во боите на виножитото за мечот од ЕП како политички. Напротив, самото барање е политичко поврзано со доаѓањето на репрезентацијата на Унгарија на вечерашниот меч со Германија.

„За УЕФА виножитото не е политички симбол, туку знак на цврста преданост кон разноликоста и инклузивноста на друштвото“– стои во соопштението на УЕФА.

Во коментарите на соопштението на социјалните мрежи за кратко време се собраа голем број критики кон УЕФА, поради како што се наведува контрадикторносите и лицемерието во објавата, со доминантна порака дека баш нивната одлука за забрана на осветлувањето на стадионот е политичка како не би ја навредило унгарската Влада.