Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот Малме. Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси свечено ќе ја отвори статуата со својот лик, која е тешка 2,7 метри и тешка 500 килограми.

Статуата ќе биде поставена пред новиот стадион на Малме, клубот во кој популарниот Ибра ја започна кариерата. Тој на социјалните мрежи се пофали и се заблагодари за овој гест од Малме.

„Многу сум среќен што тука ќе биде поставена мојата стсатуа. Тоа беше моја желба од самиот почеток“, откри Ибрахимовиќ.