Златан Ибрахимовиќ е играчот кој в недела ќе биде во фокусот на вниманието на дербито  Интер – Милан. Швеѓанецот го носеше дресот на двете екипи, сега ќе игра во црвено-црната комбинација.

Интер е домаќин на Милан, Ибрахимовиќ како играч на „росонерите“ против Интер ќе го одигра петтиот натпревар.

Ибрахимовиќ досега има две победи и два порази против Интер како играч на Милан. Досега постигнал 3 гола против Интер во дресот на Милан на натпревари во калчото.

Интересен е податокот дека како играч на Интер против Милан има два  порази, победил четири пати.

Интер е фаворит на оваа средба в недела според актуелната форма, состојбата на табелата… Статистика пред неделното дерби: