И покрај најавите дека ќе остане во ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ се збогува со навивачите на клубот со порака на социјалите мрежи.

Уникатен е по многу нешта па и по ова, Ибрахимовиќ им порача на Американците, сега гледајте бејзбол:

„Дојдов, видов, освоив. Ти благодарам ЛА Галакси што направи повторно да се чувствувам жив. До навивачите, го сакавте Златан, ви го дадов Златан.Приказната продолжува… Сега можете да се вратите да гледате бејзбол“, напиша Ибрахимовиќ