Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Одион Игало, дебитираше во составот на Јунајтед на вчерашната средба со Челзи, откако влезе во 90. минута.

Со тоа тој стана прв Нигериец што заигра за Манчестер Јунајтед во неговата историја. Тој исто така стана 200-от фудбалер што настапи за Јунајтед во историјата на Премиер лигата, од 1992 година.

Игало во Манчестер Јунајтед дојде како позајмен фудбалер на кинескиот Шангај Шенхуа.