Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски остана без тренер, откако Удинезе ја раскина соработката со Игор Тудор.

Ова беше очекувано, откако тимот од Удине на последните два меча од Серија А беше декласиран од Аталанта со 7-1 и од Рома со 4-0. Покрај Тудор заминува и неговиот асистент, Јурица Вучко

Удинезе ја прекинува соработката со Игор Тудор како главен тренер на тимот заедно со неговиот асистент Јурица Вучко. Им благодариме на Тудор и Вучко за се што направија за клубот. Екипата ќе ја води Лука Готи до именувањето на новиот тренер“- стои во клупското соопштение.