Ансу Фати е вториот најмлад дебитант во историјата на Барселона, на мечот со Бетис запиша настап на 16 години и 298 дена, влезе во игра во втрото полувреме.

Фати доаѓа од Гвинеја Бисао, во Шпанија прв тренер му беше Хосе Луис Перез Мења во академијата на Севилја. Тој потенцира дека Фати ќе биде еден од најдобрите на светот.

„Во Гвинеја беше навикнат да игра со топки од крпи, беше неверојатно да се види како за прв пат играше со вистинска топка, вакво нешто не сум видел во мојата тренерска кариера, во фудбалот сум 50 години, ова е неверојатно“ – изјави Мења.

Уште како дете беше следен од многу скаути, Реал Мадрид беше во игра но Барселона победи во оваа борба со „кралевите“.

 

Фати долго ќе го памти моментот  по мечот со Бетис, Лионел Меси го прегрна и му посака успешна кариера, таа фотографија го обиколи светот преку социјалните мрежи.