Португалската полиција вчера спроведе голема акција чија цел беше фудбалскиот агент Жорж Мендеш, кој се сомничи за затајување на данок и за перење пари.

Меѓу другото беа претресувани станови на познати фудбалери и канцеларии на најголемите португалски клубови, вкупно 76 објекти, во кои се бараа документи за трансферите направени од Мендеш.

Полицијата влезе и во станот на легендарниот голман на Реал и на шпанската репрезентација, Икар Касилјас.

По тој повод Касилјас се огласи на својот твитер профил.

Утринава португалските власти дојдоаво мојата куќа во Порто, како и во 76 други куќи. На располагање сум ви. Транспарентноста е дел од моите принципи“, напиша тој.