Игор Тудор втор натпревар по ред верува во квалитетите на Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативен напаѓач е дел од почетниот состав на Удинезе за денешниот меч со Фиорентина.

На последните три соочувања на овие два тима немаше натпревар со повеќе од два гола . Удинезе е без победа против „виолетовите“ од 2016 година, шест меча во низа, Фиорентина победува или освојува бод.