По претставувањето на Диего Годин, Интер го потврди трансферот и на десниот бек, Валентино Лазаро кој од Херта доаѓа за 25 милиони евра.

Лазаро е репрезентативец на Австрија и совршено се вклопува во филозофијата на Конте, со него загарантирана е формацијата со три стопери.

„Јас сум, „неоазур“. Среќен сум што денес потпишав за Интер. Подготвен сум за ова ново поглавје. Одиме.“ – изјави Лазаро.

Во Интер тој ќе го носи дресот со број 19.