Инспирирани од боите на седишата на најверните навивачи на Интер на „Сан Сиро“, клубот од Милано денеска го промовираше новиот гостински дрес за следната натпреварувачка година.

„Мислам дека ова е вистинско освежување за Интер за сезоната 2019-2020“ – накратко изјави Пит Хопинс, еден од директорите на Најк.

Од Интер потврдија дека новиот гостински дрес ќе биде пуштен во продажба од утре во официјалните продавници на клубот и на Најк.