Тренерот на Интер, Антонио Конте денеска го слави 50. роденден, сегашниот негов клуб но и Јувентус каде играше долго време а  беше  и тренер со различни фотографии му го честитаа роденденот.

Интер со актуелна фотографија му посака се најдобро на својот тренер кој има сериозни амбиции сезонава во првенството и Лигата на шампионите.

Јувентус  е еден од клубовите во кои играше Конте но и беше тренер. За „старата дама“  Конте одигра 296 меча и постигна 29 голови во периодот од 1991 до 2004 година кога ја заврши кариерата како фудбалер. Тој беше тренер на Јувентус од 2011 до 2014 година, тоа клубот од Торино не го заборави и му го честита роденденот со фотографија како играч на „старата дама“.