Дејан Кулушевски по потекло од Македoнија, игра за Парма и националниот тим на Шведска, роден е во Стокхолм, настапи и за Македонија У16, потоа  ја избра земјата каде е роден а не онаа од каде потекнува за настап во националниот фудбалски тим.

ФОТО: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ

Напаѓачот на Парма а на позајмица од Аталанта, има две големи понуди од два големи клуба во калчото, Интер и Јувентус во јануари ќе се тепаат за потписот на Кулушевски, вреди 30 милиони евра.

Како што тврди „GazzettadelloSport“, Кулушевски има убав избор, поблиску е до потпис со Интер, клубот од Милано има проблеми со повредени играчи, им треба робусен напаѓач, и се чини дека е во предност во однос на „старата дама“.

Разрешница дали Кулушевски ќе прејде во Интер или Јувентус ќе има во јануари, на последната средба против Болоња постигна прекрасен гол и се препорача на двата гиганти од Италија.