Интер, заедно со „Suning International“, решија да донираат 300.000 маски за медицинска употреба и други здравствени производи на Националното одделение за цивилна заштита во Италија.

Претседателот Стивен Жанг и Интер продолжуваат да ја нудат својата поддршка во битката против Коронавирусот, откако првично ја поддржаа Кина, сега тие исто така почнуваат да и помагаат и на Италија. Во донацијата се вклучени и  заштитна облека и производи за дезинфекција.

„Се надеваме дека успешното искуство во Кина со борбата против Коронавирусот може да помогне да се запре брзото ширење на вирусот во Италија. Ние ќе продолжиме и ќе го зајакнеме нашиот придонес за поддршка на Италија во борбата против вонредната состојба“-изјави Жанг за официјалниот канал на Интер.